преслече
Значење на преслече:
1. Симне, соблече (од себе или од друг) едни алишта и облече други, промени облека или дел од неа; преоблече. Преслече кошула, облече потопло палто и веднаш излезе. Таа го преслече детето зашто беше испотено.
2. а) Промени чаршаф, навлака и др. на постелнина. б) Обложи со ново платно дел од мебел и сл. Каучот го преслече со сино платно.
Конјугација: (ќе) преслечеа , (ќе) преслечев , (ќе) преслечел , преслекле , преслекоа , преслеков , преслекол , преслечат , преслечен, преслечете , преслечи .
Изведени зборови:
- преслечување, глаг. им. ср.
- се ~ преслече, Се преоблече, се пресоблече.
- (се) преслечува, глаг. несв. (се) преслечуваат -- (се) преслекува, (се) преслекуваат
Оригинални податоци:
преслече, преслечат; преслечи, преслечете; преслеков, преслекоа; преслекол, преслекле; (ќе) преслечев, (ќе) преслечеа; (ќе) преслечел; преслечен св. 1. Симне, соблече (од себе или од друг) едни алишта и облече други, промени облека или дел од неа; сп. преоблече. Преслече кошула, облече потопло палто и веднаш излезе. Таа го преслече детето зашто беше испотено. 2. а) Промени чаршаф, навлака и др. на постелнина. б) Обложи со ново платно дел од мебел и сл. Каучот го преслече со сино платно. ● се ~ Се преоблече, се пресоблече. ‖ (се) преслечува, (се) преслечуваат / (се) преслекува, (се) преслекуваат несв. ‖ глаг. им. преслечување ср.