преслика

Глагол, свршен

Значење на преслика:

1. Направи копија на слика, цртеж и сл. Го преслика цртежот на ткаенината и почна да крои.

2. Во книжевно дело – даде, прикаже нешто онака како што е во реалноста. Авторот го преслика есенскиот пејзаж во прекрасни бои.

Коњугација: пресликаат.

Изведени зборови:

  • пресликување, глаг. им. ср.
  • се ~ преслика, Се слика повторно, повеќе пати. Фотографиите се замаглени и мора да се пресликаме.
  • (се) пресликува, глаг. несв. (се) пресликуваат

Оригинални податоци:

преслика, пресликаат св. 1. Направи копија на слика, цртеж и сл. Го преслика цртежот на ткаенината и почна да крои. 2. Во книжевно дело – даде, прикаже нешто онака како што е во реалноста. Авторот го преслика есенскиот пејзаж во прекрасни бои. ● се ~ Се слика повторно, повеќе пати. Фотографиите се замаглени и мора да се пресликаме. ‖ (се) пресликува, (се) пресликуваат несв. ‖ глаг. им. пресликување ср.