пресложи

Глагол, свршен

Значење на пресложи:

1. Повторно сложи, нареди поинаку. Мораше да ги пресложи алиштата, за да ги собере во куферот.

2. Во печатарството – одново сложи, набере текст.

Конјугација: пресложат.

Изведени зборови:

  • пресложува, глаг. несв. пресложуваат
  • пресложување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

пресложи, пресложат св. 1. Повторно сложи, нареди поинаку. Мораше да ги пресложи алиштата, за да ги собере во куферот. 2. Во печатарството – одново сложи, набере текст. ‖ пресложува, пресложуваат несв. ‖ глаг. им. пресложување ср.