преспие
Значење на преспие:
1. Помине некое време во спиење. Се прибира само навечер да преспие. Немаше каде да се испружи да преспие.
2. (прен.) Помине подолго време без да земе учество во некаква активност, стои настрана, немо набљудува нешто. Ако не си чул за тоа име, си го преспал векот! Тој си го преспа денот.
3. Помине една ноќ некаде, преноќи некаде. Преспијте вечерва кај мене, па утре продолжете го патот.Тој преспа десет ноќи во еден амбар.
4. Спие подолго од потребното, не се разбуди во определено време. Побратимите ги преспаа и ноќта и денот по пиењето.
Конјугација: (ќе) преспиев , (ќе) преспиеја , (ќе) преспиел , преспаа , преспав , преспал , преспан , преспиен, преспиј , преспијат , преспијте .
Изведени зборови:
- преспива, глаг. несв. преспиваат сп. преспие.
- преспивање, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
преспие, преспијат; преспиј, преспијте; преспав, преспаа; преспал; преспан; (ќе) преспиев, (ќе) преспиеја; (ќе) преспиел; преспиен св. 1. Помине некое време во спиење. Се прибира само навечер да преспие. Немаше каде да се испружи да преспие. 2. (прен.) Помине подолго време без да земе учество во некаква активност, стои настрана, немо набљудува нешто. Ако не си чул за тоа име, си го преспал векот! Тој си го преспа денот. 3. Помине една ноќ некаде, преноќи некаде. Преспијте вечерва кај мене, па утре продолжете го патот.Тој преспа десет ноќи во еден амбар. 4. Спие подолго од потребното, не се разбуди во определено време. Побратимите ги преспаа и ноќта и денот по пиењето. ‖ преспива, преспиваат несв. сп. преспие. ‖ глаг. им. преспивање ср.