пресретне

Глагол, свршен

Значење на пресретне:

1. Излезе, се појави спроти некого. Тој ни раскажа дека на патот го пресретнале потерџии. Голем пес ги пресретна среде дворот.

2. Наиде на некого или нешто, сретне. Одејќи по ридот нагоре, пресретна дрвар со натоварено магаре.

3. Дочека, пречека, прими. Кога стаса дома, мајка му го пресретна со плачење. Домашните мојата желба ја пресретнаа со строга зачуденост.

Конјугација: (ќе) пресретнеа , (ќе) пресретнев , (ќе) пресретнел, пресретнаа , пресретнав , пресретнал , пресретнат , пресретнат , пресретнете , пресретни .

Изведени зборови:

  • пресретнува, глаг. несв. пресретнуваат
  • пресретнување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

пресретне, пресретнат; пресретни, пресретнете; пресретнав, пресретнаа; пресретнал; пресретнат; (ќе) пресретнев, (ќе) пресретнеа; (ќе) пресретнел св. 1. Излезе, се појави спроти некого. Тој ни раскажа дека на патот го пресретнале потерџии. Голем пес ги пресретна среде дворот. 2. Наиде на некого или нешто, сретне. Одејќи по ридот нагоре, пресретна дрвар со натоварено магаре. 3. Дочека, пречека, прими. Кога стаса дома, мајка му го пресретна со плачење. Домашните мојата желба ја пресретнаа со строга зачуденост. ‖ пресретнува, пресретнуваат несв. ‖ глаг. им. пресретнување ср.