престаса

Глагол, свршен

Значење на престаса:

1. При движење (одење, возење) престигне, остави зад себе некого или нешто; претекне некого. Трчаше брзо, за да го престаса. Автомобилот ги престаса.

2. Стаса, нарасне повеќе од потребното. Лебот престаса.

3. Стаса, постигне да направи нешто навреме. Не знаеше дали ќе престаса да одговори на сите нарачки.

4. Постигне повеќе од друг; надмине. Учеше вредно и сите ги престаса. Се извиши, ги престаса своите родители.

5. Има во изобилство, повеќе од потребното. Пиење и јадење има доволно, ќе стаса и ќе престаса.

Конјугација: престасаат.

Изведени зборови:

  • престасува, глаг. несв. престасуваат
  • престасување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

престаса, престасаат св. 1. При движење (одење, возење) престигне, остави зад себе некого или нешто; претекне некого. Трчаше брзо, за да го престаса. Автомобилот ги престаса. 2. Стаса, нарасне повеќе од потребното. Лебот престаса. 3. Стаса, постигне да направи нешто навреме. Не знаеше дали ќе престаса да одговори на сите нарачки. 4. Постигне повеќе од друг; надмине. Учеше вредно и сите ги престаса. Се извиши, ги престаса своите родители. 5. Има во изобилство, повеќе од потребното. Пиење и јадење има доволно, ќе стаса и ќе престаса. ‖ престасува, престасуваат несв. ‖ глаг. им. престасување ср.