престегне

Глагол, свршен

Значење на престегне:

1. Цврсто стегне, обвие околу нешто. Ги престегна добро своите обувала. Го престегна снопот сено и го нарами.

2. Заврзе нешто околу половината, околу појасот. Ја престегна футата и зеде да готви.

3. Повторно стегне. Тој ги престегна завртките, зашто се беа разлабавиле.

Коњугација: (ќе) престегнеа , (ќе) престегнев , (ќе) престегнел, престегнаа , престегнав , престегнал , престегнат , престегнат , престегнете , престегни .

Изведени зборови:

  • престегање, глаг. им. ср. престегање / престегнување
  • (се) престега, глаг. несв. (се) престегаат -- (се) престегнува, (се) пристегнуваат
  • се ~ престегне, Се дотера, се облече убаво, пристојно. Беше се престегнал во нови алишта.

Оригинални податоци:

престегне, престегнат; престегни, престегнете; престегнав, престегнаа; престегнал; престегнат; (ќе) престегнев, (ќе) престегнеа; (ќе) престегнел св. 1. Цврсто стегне, обвие околу нешто. Ги престегна добро своите обувала. Го престегна снопот сено и го нарами. 2. Заврзе нешто околу половината, околу појасот. Ја престегна футата и зеде да готви. 3. Повторно стегне. Тој ги престегна завртките, зашто се беа разлабавиле. ● се ~ Се дотера, се облече убаво, пристојно. Беше се престегнал во нови алишта. ‖ (се) престега, (се) престегаат / (се) престегнува, (се) пристегнуваат несв. ‖ глаг. им. престегање / престегнување ср.