престигне

Глагол, свршен

Значење на престигне:

1. При движење (одење, возење) престаса, остави зад себе некого или нешто. Тој се зачуди кога побрзала и го престигнала.

2. Стаса, постигне да направи нешто навреме. Таа не можеше да престигне со разнесување пијачка и кафе.

3. Има во изобилство, повеќе од потребното. Храна стигна и престигна.

4. Постигне повеќе од друг; надмине. Иако беше најмлада, сите ги престигна.

Конјугација: (ќе) престигнеа , (ќе) престигнев , (ќе) престигнел, престигнаа , престигнав , престигнал , престигнат , престигнат , престигнете , престигни .

Изведени зборови:

  • престигнува, глаг. несв. престигнуваат
  • престигнување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

престигне, престигнат; престигни, престигнете; престигнав, престигнаа; престигнал; престигнат; (ќе) престигнев, (ќе) престигнеа; (ќе) престигнел св. 1. При движење (одење, возење) престаса, остави зад себе некого или нешто. Тој се зачуди кога побрзала и го престигнала. 2. Стаса, постигне да направи нешто навреме. Таа не можеше да престигне со разнесување пијачка и кафе. 3. Има во изобилство, повеќе од потребното. Храна стигна и престигна. 4. Постигне повеќе од друг; надмине. Иако беше најмлада, сите ги престигна. ‖ престигнува, престигнуваат несв. ‖ глаг. им. престигнување ср.