престори
Значење на престори:
1. Даде некому поинаков лик, преобрази, промени некого или нешто. Животот в туѓина го престори, го направи друг човек. Го заградија балконот и го престорија во соба.
2. (ретко) се препознае.
Конјугација: престорат.
Изведени зборови:
- престорување, глаг. им. ср.
- се ~ престори, 1. Добие, поприми поинаков лик, се промени. Шумата се престори во пусто место. Меѓата слезе меѓу две сливи и се престори во полски пат. 2. Се покаже, се претстави поинаков отколку што е; се преправи. Мајка свика по мене, но јас се престорив божем не ја чув и излегов. 3. Во состав со именките око, уво и сл. – сосема, целосно се претвори во тоа што е искажано со именката. Сиот се престори во уво.
- (се) престорува, глаг. несв. (се) престоруваат
Оригинални податоци:
престори, престорат св. 1. Даде некому поинаков лик, преобрази, промени некого или нешто. Животот в туѓина го престори, го направи друг човек. Го заградија балконот и го престорија во соба. 2. (ретко) в. се препознае. ● се ~ 1. Добие, поприми поинаков лик, се промени. Шумата се престори во пусто место. Меѓата слезе меѓу две сливи и се престори во полски пат. 2. Се покаже, се претстави поинаков отколку што е; се преправи. Мајка свика по мене, но јас се престорив божем не ја чув и излегов. 3. Во состав со именките око, уво и сл. – сосема, целосно се претвори во тоа што е искажано со именката. Сиот се престори во уво. ‖ (се) престорува, (се) престоруваат несв. ‖ глаг. им. престорување ср.