пресуди
Значење на пресуди:
1. Изрече пресуда во судска постапка. Судот пресуди според законот.
2. Решително се искаже, реши при постоење повеќе мислења, при двоумење. Ние своето го кажавме, па ти пресуди што да се прави.
Коњугација: пресудат.
Изведени зборови:
- пресудување, глаг. им. ср.
- се ~ пресуди, Сам си донесе пресуда; си го одзеде животот.
- (си) пресудува, глаг. несв. (си) пресудуваат
Оригинални податоци:
пресуди, пресудат св. 1. Изрече пресуда во судска постапка. Судот пресуди според законот. 2. Решително се искаже, реши при постоење повеќе мислења, при двоумење. Ние своето го кажавме, па ти пресуди што да се прави. ● си ~ Сам си донесе пресуда; си го одзеде животот. ‖ (си) пресудува, (си) пресудуваат несв. ‖ глаг. им. пресудување ср.