пресуши
Значење на пресуши:
1. а) За река, езеро, вода и др. – стане сув, безводен; пресекне. Изворот пресуши и немаше вода за наводнување. Водата во бунарот се смалила и пресушила. б) За очи – изгуби влажност. Наеднаш солзите во очите пресушија.
2. (прен.) Исчезне, заврши, сопре. Во него зборовите така пресушија, што тој не успеа да прозбори ниеден повеќе. Нашата сила е во народот и затоа никогаш не ќе пресуши. Потоа фондовите пресушија и немаше капитал.
3. Исуши повеќе од потребното. Најубави дрва за горење се оние што не пресушиле. Таа ги пресуши билките на сонце.
Конјугација: пресушат.
Изведени зборови:
- пресушување, глаг. им. ср.
- се ~ пресуши, сп. пресуши 1. а), 2, 3.
- (се) пресушува, глаг. несв. (се) пресушуваат
Оригинални податоци:
пресуши, пресушат св. 1. а) За река, езеро, вода и др. – стане сув, безводен; пресекне. Изворот пресуши и немаше вода за наводнување. Водата во бунарот се смалила и пресушила. б) За очи – изгуби влажност. Наеднаш солзите во очите пресушија. 2. (прен.) Исчезне, заврши, сопре. Во него зборовите така пресушија, што тој не успеа да прозбори ниеден повеќе. Нашата сила е во народот и затоа никогаш не ќе пресуши. Потоа фондовите пресушија и немаше капитал. 3. Исуши повеќе од потребното. Најубави дрва за горење се оние што не пресушиле. Таа ги пресуши билките на сонце. ● се ~ сп. пресуши 1. а), 2, 3. ‖ (се) пресушува, (се) пресушуваат несв. ‖ глаг. им. пресушување ср.