прета
Значење на прета:
1. Расчепкува пепел и сл. Загледан во гламните преташе низ пепелта.
2. Прави брзи и кратки движења со телото (со рацете и нозете) за да се ослободи од нешто. Тој се бранеше, преташе, но немаше глас да вика за помош. Надвор коњите претаа со нозете.
3. а) За кокошка – расчепкува по земја, по буниште, гумно и сл. Квачката преташе во сувата земја под јаболкницата. б) Копка, тарашка барајќи нешто. Претаа по снегот и бараа гранки за огрев.
4. (прен., ирон.) Се противи, се бунтува. Ти колку и да преташ, ништо не можеш да сториш.
5. (прен., разг.) Дава знаци на живот. Удираше по нив сѐ дури претаа.
Конјугација: претаат.
Изведени зборови:
- претање, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
прета, претаат несв. 1. Расчепкува пепел и сл. Загледан во гламните преташе низ пепелта. 2. Прави брзи и кратки движења со телото (со рацете и нозете) за да се ослободи од нешто. Тој се бранеше, преташе, но немаше глас да вика за помош. Надвор коњите претаа со нозете. 3. а) За кокошка – расчепкува по земја, по буниште, гумно и сл. Квачката преташе во сувата земја под јаболкницата. б) Копка, тарашка барајќи нешто. Претаа по снегот и бараа гранки за огрев. 4. (прен., ирон.) Се противи, се бунтува. Ти колку и да преташ, ништо не можеш да сториш. 5. (прен., разг.) Дава знаци на живот. Удираше по нив сѐ дури претаа. ‖ глаг. им. претање ср.