претече 1

Глагол, свршен

Значење на претече:

1. Престане да тече, истече докрај; пресуши. Селската чешма секна, претече.

2. Се прелее, истече течност од преполнет сад или при вриење; се излие вода надвор од границите (река од корито и сл.) Млекото во тенџерето претече.

Конјугација: (ќе) претечеа , (ќе) претечев , (ќе) претечел , претекле , претекоа , претеков , претекол , претечат , претечен, претечете , претечи .

Изведени зборови:

  • претекува, глаг. несв. претекуваат -- претечува, претечуваат
  • претекување, глаг. им. ср. претекување / претечување

Оригинални податоци:

претече1, претечат; претечи, претечете; претеков, претекоа; претекол, претекле; (ќе) претечев, (ќе) претечеа; (ќе) претечел; претечен св. 1. Престане да тече, истече докрај; пресуши. Селската чешма секна, претече. 2. Се прелее, истече течност од преполнет сад или при вриење; се излие вода надвор од границите (река од корито и сл.) Млекото во тенџерето претече. ‖ претекува, претекуваат / претечува, претечуваат несв. ‖ глаг. им. претекување / претечување ср.