претера
Значење на претера:
1. Премине мерка, определена граница во нешто; прикаже, претстави нешто поголемо отколку што е. Тој веќе поретко се напиваше, гледаше да не претера. Колегата малку претера, малку преувеличи некои работи.
2. Со терање преведе, префрли добиток, луѓе од едно место на друго. Тие го претераа стадото на бачило.
3. (ретко) Помине низ нешто. Смоквите ги претера низ неколку води.
4. (разг.) Помине, престојува некаде некое време. Тој претера еден месец на село.
5. (разг.) Помине, протера. Како претеравте сношти на гости? 6. (разг.) Доживее нешто. Тие заедно претераа толку години во заробеништво.
Конјугација: претераат.
Изведени зборови:
- претерување, глаг. им. ср.
- се ~ претера, 1. (само мн., разг.) Помине едни по други, гонејќи се едни со други. Многу војски се претераа во нашава земја. 2. Се појави во свеста, падне на памет. Триста мисли ти се претераа во умот.
- (се) претерува, глаг. несв. (се) претеруваат
Оригинални податоци:
претера, претераат св. 1. Премине мерка, определена граница во нешто; прикаже, претстави нешто поголемо отколку што е. Тој веќе поретко се напиваше, гледаше да не претера. Колегата малку претера, малку преувеличи некои работи. 2. Со терање преведе, префрли добиток, луѓе од едно место на друго. Тие го претераа стадото на бачило. 3. (ретко) Помине низ нешто. Смоквите ги претера низ неколку води. 4. (разг.) Помине, престојува некаде некое време. Тој претера еден месец на село. 5. (разг.) Помине, протера. Како претеравте сношти на гости? 6. (разг.) Доживее нешто. Тие заедно претераа толку години во заробеништво. ● се ~ 1. (само мн., разг.) Помине едни по други, гонејќи се едни со други. Многу војски се претераа во нашава земја. 2. Се појави во свеста, падне на памет. Триста мисли ти се претераа во умот. ‖ (се) претерува, (се) претеруваат несв. ‖ глаг. им. претерување ср.