претопи
Значење на претопи:
1. Со загревање, со топење даде друг облик на нешто што се топи (восок, маст, злато итн.). Восокот го претопи во нови калапи.
2. Преработи руда со топење. Во работилницата претопуваа железна руда.
3. (прен.) За народ – промени идентитет, асимилира. Тие сакале да го претопат народот.
Конјугација: претопат.
Изведени зборови:
- претопување, глаг. им. ср.
- се ~ претопи, 1. (прен.) Се претвори во нешто друго, стане поинаков. Тие се претопија со масата народ. Се претопи кордонот на полицајците во оѕверена волчја глутница. 2. Прифати друг идентитет, се асимилира.
- (се) претопува, глаг. несв. (се) претопуваат
Оригинални податоци:
претопи, претопат св. 1. Со загревање, со топење даде друг облик на нешто што се топи (восок, маст, злато итн.). Восокот го претопи во нови калапи. 2. Преработи руда со топење. Во работилницата претопуваа железна руда. 3. (прен.) За народ – промени идентитет, асимилира. Тие сакале да го претопат народот. ● се ~ 1. (прен.) Се претвори во нешто друго, стане поинаков. Тие се претопија со масата народ. Се претопи кордонот на полицајците во оѕверена волчја глутница. 2. Прифати друг идентитет, се асимилира. ‖ (се) претопува, (се) претопуваат несв. ‖ глаг. им. претопување ср.