претовари
Значење на претовари:
1. Натовари премногу, повеќе отколку што може да носи, да издржи. Коњот беше претоварен со стока за на пазар.
2. (прен.) Оптовари некого со обемна, тешка работа, зададе некому многу должности, задолженија и сл. Шефот го претовари со задолженија.
3. Премести товар од едно место на друго. Овошјето од кошевите го претовари во гајби.
4. Повторно, поинаку натовари нешто. Тој ги претовари кутиите за да ги собере во багажникот.
5. (разг., дијал.) За коњ, магаре и сл. – отфрли тоа што е товарено.
Коњугација: претоварат.
Изведени зборови:
- претоварување, глаг. им. ср.
- се ~ претовари, 1. Се натовари повеќе отколку што може да носи. Купи сѐ што му порачаа, се претовари и мораше да викне такси. 2. (прен.) Се оптовари со обемна, тешка работа, прифати многу должности, задолженија. 3. в. претовари 5.
- (се) претоварува, глаг. несв. (се) претоваруваат
Оригинални податоци:
претовари, претоварат св. 1. Натовари премногу, повеќе отколку што може да носи, да издржи. Коњот беше претоварен со стока за на пазар. 2. (прен.) Оптовари некого со обемна, тешка работа, зададе некому многу должности, задолженија и сл. Шефот го претовари со задолженија. 3. Премести товар од едно место на друго. Овошјето од кошевите го претовари во гајби. 4. Повторно, поинаку натовари нешто. Тој ги претовари кутиите за да ги собере во багажникот. 5. (разг., дијал.) За коњ, магаре и сл. – отфрли тоа што е товарено. ● се ~ 1. Се натовари повеќе отколку што може да носи. Купи сѐ што му порачаа, се претовари и мораше да викне такси. 2. (прен.) Се оптовари со обемна, тешка работа, прифати многу должности, задолженија. 3. в. претовари 5. ‖ (се) претоварува, (се) претоваруваат несв. ‖ глаг. им. претоварување ср.