претпоставка

Именка, женски род

Значење на претпоставка:

1. Претходна поставка, досетување, нагаѓање за донесување суд. Никој не ја прифати претпоставката дека ќе се пука.

2. Појдовна точка за некое размислување, хипотеза. Се поаѓа од претпоставката дека тој е храбар.

3. Претходен услов, предуслов. Треба да се задоволат некои претпоставки за да се постигне успех.

Множина: претпоставки.

Оригинални податоци:

претпоставка, мн. претпоставки ж. 1. Претходна поставка, досетување, нагаѓање за донесување суд. Никој не ја прифати претпоставката дека ќе се пука. 2. Појдовна точка за некое размислување, хипотеза. Се поаѓа од претпоставката дека тој е храбар. 3. Претходен услов, предуслов. Треба да се задоволат некои претпоставки за да се постигне успех.