претрие

Глагол, свршен

Значење на претрие:

1. Пресече со триење (со пила, со еге и сл.). Го претрила катанецот.

2. Повреди со триење. Јажето му ги претрило рацете.

Конјугација: (ќе) претриев , (ќе) претриеја , (ќе) претриел , претрив , претриен, претриј , претрија , претријат , претријте , претрил .

Изведени зборови:

  • претривање, глаг. им. ср.
  • (се) претрива, глаг. несв. (се) претриваат
  • се ~ претрие, Со триење се повреди.

Оригинални податоци:

претрие, претријат; претриј, претријте; претрив, претрија; претрил; (ќе) претриев, (ќе) претриеја; (ќе) претриел; претриен св. 1. Пресече со триење (со пила, со еге и сл.). Го претрила катанецот. 2. Повреди со триење. Јажето му ги претрило рацете. ● се ~ Со триење се повреди. ‖ (се) претрива, (се) претриваат несв. ‖ глаг. им. претривање ср.