претскаже
Спореди: преткаже.
Значење на претскаже:
Предвиди, најави нешто пред да се случи, даде прогноза за нешто; Ја претскажа војната. Гледачката му ја претскажа иднината.Конјугација: (ќе) претскажеа , (ќе) претскажев , (ќе) претскажел, претскажаа , претскажав , претскажал , претскажан , претскажат , претскажете , претскажи .
Изведени зборови:
- претскажува, глаг. несв. претскажуваат
- претскажување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
претскаже, претскажат; претскажи, претскажете; претскажав, претскажаа; претскажал; претскажан; (ќе) претскажев, (ќе) претскажеа; (ќе) претскажел св. Предвиди, најави нешто пред да се случи, даде прогноза за нешто; сп. преткаже. Ја претскажа војната. Гледачката му ја претскажа иднината. ‖ претскажува, претскажуваат несв. ‖ глаг. им. претскажување ср.