претстави
Значење на претстави:
1. Соопшти нечие име на формален начин; запознае со друг. Го претстави гостинот на пријателите. Да ви го претставам мојот свршеник.
2. Најави, покаже, прикаже пред публика. Убаво ја претстави најновата стихозбирка пред публиката.
3. Сврти внимание на нешто, образложи нешто. Да ви го претставиме проблемот со кој се соочуваме.
4. Наслика. Со кои бои ќе ја претставиш пролетта во цртежот? 5. За театарска претстава, филм – даде, прикаже, изведе. Претставиле една современа драма. 6. Изрази на друг начин. Дропките претстави ги како децимални броеви.
Конјугација: претстават.
Изведени зборови:
- претставување, глаг. им. ср.
- се ~ претстави, 1. Го каже своето име пред другите. Дозволете да ви се претставам. 2. Се прикаже како некаков. Се претстави како месија. Се претстави како богаташ. 3. Се појави пред публика, игра во претстава, филм итн. Се претстави со најновата мелодија. Се претстави како добар актер во филмот. 4. си Си замисли, си создаде слика во мислите. Можете ли да си претставите каков јунак е тој? Си ги претстави сите доживувања од младоста.
- (се) претставува, глаг. несв. (се) претставуваат
Оригинални податоци:
претстави, претстават св. 1. Соопшти нечие име на формален начин; запознае со друг. Го претстави гостинот на пријателите. Да ви го претставам мојот свршеник. 2. Најави, покаже, прикаже пред публика. Убаво ја претстави најновата стихозбирка пред публиката. 3. Сврти внимание на нешто, образложи нешто. Да ви го претставиме проблемот со кој се соочуваме. 4. Наслика. Со кои бои ќе ја претставиш пролетта во цртежот? 5. За театарска претстава, филм – даде, прикаже, изведе. Претставиле една современа драма. 6. Изрази на друг начин. Дропките претстави ги како децимални броеви. ● се ~ 1. Го каже своето име пред другите. Дозволете да ви се претставам. 2. Се прикаже како некаков. Се претстави како месија. Се претстави како богаташ. 3. Се појави пред публика, игра во претстава, филм итн. Се претстави со најновата мелодија. Се претстави како добар актер во филмот. 4. си ~ Си замисли, си создаде слика во мислите. Можете ли да си претставите каков јунак е тој? Си ги претстави сите доживувања од младоста. ‖ (се) претставува, (се) претставуваат несв. ‖ глаг. им. претставување ср.