претставник

Именка, машки род

Значење на претставник:

1. Лице што претставува, застапува нечии интереси. Претставник од синдикатот. Претставник од училиштето.

2. Лице избрано и овластено од државата да врши определена задача; делегат. Народните претставници седнаа во парламентот.

3. Лице што е типичен образец на луѓето од некоја дејност, движење, класа. Претставник на романтизмот. Буржоаски претставник.

4. (биол.) Типичен примерок на некој вид.

Множина: претставници.

Изведени зборови:

  • претставничка, и. ж. мн. претставнички -- претставница, мн. претставници

Оригинални податоци:

претставник, мн. претставници м. 1. Лице што претставува, застапува нечии интереси. Претставник од синдикатот. Претставник од училиштето. 2. Лице избрано и овластено од државата да врши определена задача; делегат. Народните претставници седнаа во парламентот. 3. Лице што е типичен образец на луѓето од некоја дејност, движење, класа. Претставник на романтизмот. Буржоаски претставник. 4. (биол.) Типичен примерок на некој вид. ‖ претставничка, мн. претставнички / претставница, мн. претставници ж.