претури
Значење на претури:
1. Истури од еден сад во друг; преточи. Ако го претуриш виното од бурето, ќе нема талог. Претура млеко во шишиња.
2. Наполни повеќе од што треба, наполни до прелевање. Тури и претури.
3. Даде премногу род. Кајсијата претури ова лето.
4. Побара невнимателно, без ред, избуричка. Целата куќа ја претури, но парите не ги најде.
Коњугација: претурат.
Изведени зборови:
- претура, глаг. несв. претураат
- претурање, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
претури, претурат св. 1. Истури од еден сад во друг; преточи. Ако го претуриш виното од бурето, ќе нема талог. Претура млеко во шишиња. 2. Наполни повеќе од што треба, наполни до прелевање. Тури и претури. 3. Даде премногу род. Кајсијата претури ова лето. 4. Побара невнимателно, без ред, избуричка. Целата куќа ја претури, но парите не ги најде. ‖ претура, претураат несв. ‖ глаг. им. претурање ср.