претвори

Глагол, свршен

Значење на претвори:

1. Промени нешто во нешто друго. Сите пари ги претворил во злато, и го скрил златото. Тој се обиде сета работа да ја претвори во шега.

2. Даде некому поинаков лик, преобрази некого. Тешкиот живот го претвори во работлив човек.

Коњугација: претворат.

Изведени зборови:

  • претворување, глаг. им. ср. -- претворање
  • се ~ претвори, 1. Се промени во нешто друго, стане поинаков. Од обвинет, тој сега се претвори во обвинител. Ларвата се претвори во пеперуга. 2. (прен.) Во состав со именките око, уво и сл. – сосема, целосно се престори во тоа што е искажано со именката. Таа целата се претвори во уво.
  • (се) претворува, глаг. несв. (се) претворуваат -- (се) претвора, (се) претвораат

Оригинални податоци:

претвори, претворат св. 1. Промени нешто во нешто друго. Сите пари ги претворил во злато, и го скрил златото. Тој се обиде сета работа да ја претвори во шега. 2. Даде некому поинаков лик, преобрази некого. Тешкиот живот го претвори во работлив човек. ● се ~ 1. Се промени во нешто друго, стане поинаков. Од обвинет, тој сега се претвори во обвинител. Ларвата се претвори во пеперуга. 2. (прен.) Во состав со именките око, уво и сл. – сосема, целосно се престори во тоа што е искажано со именката. Таа целата се претвори во уво. ‖ (се) претворува, (се) претворуваат / (се) претвора, (се) претвораат несв. ‖ глаг. им. претворување / претворање св.