превари 1

Глагол, свршен

Значење на превари:

1. Остави нешто да вари повеќе отколку што треба. Го превари чајот.

2. Свари повторно, уште еднаш. Ја преварив чорбата.

3. За ракија ‒ го повтори процесот на варење за да биде појака; препече. Ја превари ракијата.

Конјугација: преварат.

Изведени зборови:

  • преварува, глаг. несв. преваруваат
  • преварување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

превари1, преварат св. 1. Остави нешто да вари повеќе отколку што треба. Го превари чајот. 2. Свари повторно, уште еднаш. Ја преварив чорбата. 3. За ракија ‒ го повтори процесот на варење за да биде појака; препече. Ја превари ракијата. ‖ преварува, преваруваат несв. ‖ глаг. им. преварување ср.