превари 2

Глагол, свршен

Значење на превари:

1. Престигне, престаса некого со одење, со трчање. Тој ги превари другарите пред влезот на селото. Ве преварив зашто одев по пократкиот пат.

2. Направи нешто пред некого, излезе прв, побрз од некој друг. Таа ги превари сите во работата.

Конјугација: преварат.

Изведени зборови:

  • преварува, глаг. несв. преваруваат
  • преварување, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Кој превари, тој товари ‒ кој ќе стигне прв, тој ќе добие награда.

Оригинални податоци:

превари2, преварат св. 1. Престигне, престаса некого со одење, со трчање. Тој ги превари другарите пред влезот на селото. Ве преварив зашто одев по пократкиот пат. 2. Направи нешто пред некого, излезе прв, побрз од некој друг. Таа ги превари сите во работата. ◊ Кој превари, тој товари ‒ кој ќе стигне прв, тој ќе добие награда. ‖ преварува, преваруваат несв. ‖ глаг. им. преварување ср.