преведе

Глагол, свршен

Значење на преведе:

1. Водејќи некого преку, низ некој простор, помине, премине од една страна на друга. Ги преведе децата преку улица. Рибарот нè преведе преку реката.

2. Изврши превод, предаде текст од еден јазик на друг. Самиот ја превел песната на руски јазик. Ја преведе книгата од англиски на македонски јазик.

3. а) Префрли пари (од една сметка на друга) по пошта, во банка. Тој ги преведе парите по пошта. б) Пренесе имот (куќа, нива итн.) од едно лице на друго. Им ја преведоа куќата на младите веднаш по свадбата.

4. Унапреди во повисок разред, чин.

Конјугација: (ќе) преведеа , (ќе) преведев , (ќе) преведел , преведат , преведен, преведете , преведи , преведоа , преведов , превел .

Изведени зборови:

  • преведува, глаг. несв. преведуваат
  • преведување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

преведе, преведат; преведи, преведете; преведов, преведоа; превел; (ќе) преведев, (ќе) преведеа; (ќе) преведел; преведен св. 1. Водејќи некого преку, низ некој простор, помине, премине од една страна на друга. Ги преведе децата преку улица. Рибарот нè преведе преку реката. 2. Изврши превод, предаде текст од еден јазик на друг. Самиот ја превел песната на руски јазик. Ја преведе книгата од англиски на македонски јазик. 3. а) Префрли пари (од една сметка на друга) по пошта, во банка. Тој ги преведе парите по пошта. б) Пренесе имот (куќа, нива итн.) од едно лице на друго. Им ја преведоа куќата на младите веднаш по свадбата. 4. Унапреди во повисок разред, чин. ‖ преведува, преведуваат несв. ‖ глаг. им. преведување ср.