превие
Значење на превие:
1. Повие, преповие, смени пелени. Мајката го преви бебето пред спиење.
2. Изврши преврска, преврзе рана некому. Сестрата го преви болниот. Тој му ја преви ногата на детето.
3. а) Свие, свитка дел од телото. Играјќи си, девојчето ја преви раката. Го превил момчето во половината и го кутнал долу. б) Свие, свитка, превитка нешто. Јаболкницата ги преви своите гранки.
Коњугација: (ќе) превиев , (ќе) превиеја , (ќе) превиел , превив , превиен, превиј , превија , превијат , превијте , превил .
Изведени зборови:
- превивање, глаг. им. ср. превивање, PLUR_превивања Болни превивања.
- (се) превива, глаг. несв. (се) превиваат
- се ~ превие, Се свие, се наведне (од болка, удар, тежина и сл.). Таа се преви од силната болка во стомакот.
Оригинални податоци:
превие, превијат; превиј, превијте; превив, превија; превил; (ќе) превиев, (ќе) превиеја; (ќе) превиел; превиен св. 1. Повие, преповие, смени пелени. Мајката го преви бебето пред спиење. 2. Изврши преврска, преврзе рана некому. Сестрата го преви болниот. Тој му ја преви ногата на детето. 3. а) Свие, свитка дел од телото. Играјќи си, девојчето ја преви раката. Го превил момчето во половината и го кутнал долу. б) Свие, свитка, превитка нешто. Јаболкницата ги преви своите гранки. ● се ~ Се свие, се наведне (од болка, удар, тежина и сл.). Таа се преви од силната болка во стомакот. ‖ (се) превива, (се) превиваат несв. ‖ глаг. им. превивање, мн. превивања ср. Болни превивања.