превлече

Глагол, свршен

Значење на превлече:

1. Со влечење, пренесе, премести нешто. Ја превлече вреќата од едниот во другиот ќош на визбата.

2. (разг.) Пренесе на некој начин големи количества, разграба. Сè што најдоа во магацините превлекоа дома.

Коњугација: (ќе) превлечеа , (ќе) превлечев , (ќе) превлечел , превлекле , превлекоа , превлеков , превлекол , превлечат , превлечен, превлечете , превлечи .

Изведени зборови:

  • превлекува, глаг. несв. превлекуваат -- превлечува, превлечуваат
  • превлекување, глаг. им. ср. превлекување / превлечување

Оригинални податоци:

превлече, превлечат; превлечи, превлечете; превлеков, превлекоа; превлекол, превлекле; (ќе) превлечев, (ќе) превлечеа; (ќе) превлечел; превлечен св. 1. Со влечење, пренесе, премести нешто. Ја превлече вреќата од едниот во другиот ќош на визбата. 2. (разг.) Пренесе на некој начин големи количества, разграба. Сè што најдоа во магацините превлекоа дома. ‖ превлекува, превлекуваат / превлечува, превлечуваат несв. ‖ глаг. им. превлекување / превлечување ср.