превоспита
Значење на превоспита:
Воспита поинаку, на друг начин, промени нечие воспитување. Се трудеше да го превоспита детето.Конјугација: превоспитаат.
Изведени зборови:
- превоспитување, глаг. им. ср.
- се ~ превоспита, Се измени во воспитувањето, прими ново воспитување. Откако стапи во служба, се превоспита, стана друг човек.
- (се) превоспитува, глаг. несв. (се) превоспитуваат
Оригинални податоци:
превоспита, превоспитаат св. Воспита поинаку, на друг начин, промени нечие воспитување. Се трудеше да го превоспита детето. ● се ~ Се измени во воспитувањето, прими ново воспитување. Откако стапи во служба, се превоспита, стана друг човек. ‖ (се) превоспитува, (се) превоспитуваат несв. ‖ глаг. им. превоспитување ср.