преврие

Глагол, свршен

Значење на преврие:

1. Зоврие повеќе отколку што треба; истече, испари вриејќи. Млекото преврило.

2. Заврши процес на вриење, на ферментација; ферментира. Комињето преври.

Конјугација: (ќе) превриев , (ќе) превриеја , (ќе) превриел , преврив , превриен, превриј , преврија , превријат , превријте , преврил .

Изведени зборови:

  • преврива, глаг. несв. превриваат
  • превривање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

преврие, превријат; превриј, превријте; преврив, преврија; преврил; (ќе) превриев, (ќе) превриеја; (ќе) превриел; превриен св. 1. Зоврие повеќе отколку што треба; истече, испари вриејќи. Млекото преврило. 2. Заврши процес на вриење, на ферментација; ферментира. Комињето преври. ‖ преврива, превриваат несв. ‖ глаг. им. превривање ср.