преврти
Значење на преврти:
1. а) Сврти, заврти нешто од една страна на друга. Ја преврти чашата. Го преврти капутот. Ја преврти тортата врз чинијата. Го преврти месото на скарата. Преврти нова страница од весникот. Ветрот ги преврти сите саксии во дворот. Силните бранови го превртија чамецот. б) Стави, премести некого од една страна на друга. Тие го превртија болниот на другата страна. Мајката го преврти детето на постелата неколкупати.
2. За очи ‒ направи движење како израз на некоја физичка или психичка состојба. Старицата само преврти со очите и замолчи.
3. За книга, весник и сл. ‒ разгледа, прегледа. Тој ја преврти книгата од почеток до крај. Таа го преврти списанието, но ништо не најде.
4. (прен.) Претури сè барајќи некого или нешто, пребара насекаде. Спасувачките екипи ја превртија целата планина и не го најдоа загубениот планинар. Ја преврти целата куќа, но не ги најде парите.
5. (прен.) Измени, промени нешто. Таа го преврти неговиот живот.
Коњугација: превртат.
Изведени зборови:
- превртување, глаг. им. ср. превртување, PLUR_превртувања Се изви во височина, направи три превртувања и падна врз душекот.
- се ~ преврти, 1. Направи кружно движење околу нешто. Гимнастичарката се преврти преку глава. Малите рипчиња се превртија во водата. 2. Се заврти, се сврти од една страна на друга. Детето неколкупати се преврти додека спиеше. Болниот се преврти во постелата. 3. Промени положба, состојба поради нешто, под влијание на нешто. Ветрот дувна и листовите на книгата се превртија. Поради големата брзина, колата се преврти на патот. 4. Се свие, се превие, се превитка од нешто, поради нешто. Тој се преврти од занес. Луѓето се превртија од смеа.
- (се) превртува, глаг. несв. (се) превртуваат
Фразеолошки израз / поговорка:
Преврти џебови некому ‒ ограби, опљачка некого.
Оригинални податоци:
преврти, превртат св. 1. а) Сврти, заврти нешто од една страна на друга. Ја преврти чашата. Го преврти капутот. Ја преврти тортата врз чинијата. Го преврти месото на скарата. Преврти нова страница од весникот. Ветрот ги преврти сите саксии во дворот. Силните бранови го превртија чамецот. б) Стави, премести некого од една страна на друга. Тие го превртија болниот на другата страна. Мајката го преврти детето на постелата неколкупати. 2. За очи ‒ направи движење како израз на некоја физичка или психичка состојба. Старицата само преврти со очите и замолчи. 3. За книга, весник и сл. ‒ разгледа, прегледа. Тој ја преврти книгата од почеток до крај. Таа го преврти списанието, но ништо не најде. 4. (прен.) Претури сè барајќи некого или нешто, пребара насекаде. Спасувачките екипи ја превртија целата планина и не го најдоа загубениот планинар. Ја преврти целата куќа, но не ги најде парите. 5. (прен.) Измени, промени нешто. Таа го преврти неговиот живот. ● се ~ 1. Направи кружно движење околу нешто. Гимнастичарката се преврти преку глава. Малите рипчиња се превртија во водата. 2. Се заврти, се сврти од една страна на друга. Детето неколкупати се преврти додека спиеше. Болниот се преврти во постелата. 3. Промени положба, состојба поради нешто, под влијание на нешто. Ветрот дувна и листовите на книгата се превртија. Поради големата брзина, колата се преврти на патот. 4. Се свие, се превие, се превитка од нешто, поради нешто. Тој се преврти од занес. Луѓето се превртија од смеа. ◊ Преврти џебови некому ‒ ограби, опљачка некого. ‖ (се) превртува, (се) превртуваат несв. ‖ глаг. им. превртување, мн. превртувања ср. Се изви во височина, направи три превртувања и падна врз душекот.