преврзе

Глагол, свршен

Значење на преврзе:

1. а) Врзе, заврзе нешто преку обемот, опфати со врзување. Неколкупати го преврза пакетот со коноп. Таа ја преврза кутијата со шарена лента наоколу. б) Врзе, заврзе некому нешто. Тој му ги преврза очите со црна лента. Им ги преврзаа рацете на заробените војници.

2. Стави преврска на рана; превие. Сестрата го преврза ранетиот. Ветеринарот го преврза кучето со завој.

3. Врзе повторно, поинаку. Јажето се одврзало, преврзи го пак.

Конјугација: (ќе) преврзеа , (ќе) преврзев , (ќе) преврзел, преврзаа , преврзав , преврзал , преврзан , преврзат , преврзете , преврзи .

Изведени зборови:

  • преврзување, глаг. им. ср.
  • се ~ преврзе, 1. а) Се врзе, се заврзе со нешто. Се преврзал со ортомата преку половината и влегол во јамата. Се преврза со шамијата и се фати за работа. б) Си врзе, си заврзе себеси нешто. Таа си преврза црна шамија на главата. Девојчето си преврза шарено коланче околу половината. 2. За рана ‒ се превие сам. Се преврза самиот некако и се довлечка до колибата.
  • (се) преврзува, глаг. несв. (се) преврзуваат

Оригинални податоци:

преврзе, преврзат; преврзи, преврзете; преврзав, преврзаа; преврзал; преврзан; (ќе) преврзев, (ќе) преврзеа; (ќе) преврзел св. 1. а) Врзе, заврзе нешто преку обемот, опфати со врзување. Неколкупати го преврза пакетот со коноп. Таа ја преврза кутијата со шарена лента наоколу. б) Врзе, заврзе некому нешто. Тој му ги преврза очите со црна лента. Им ги преврзаа рацете на заробените војници. 2. Стави преврска на рана; превие. Сестрата го преврза ранетиот. Ветеринарот го преврза кучето со завој. 3. Врзе повторно, поинаку. Јажето се одврзало, преврзи го пак. ● се ~ 1. а) Се врзе, се заврзе со нешто. Се преврзал со ортомата преку половината и влегол во јамата. Се преврза со шамијата и се фати за работа. б) Си врзе, си заврзе себеси нешто. Таа си преврза црна шамија на главата. Девојчето си преврза шарено коланче околу половината. 2. За рана ‒ се превие сам. Се преврза самиот некако и се довлечка до колибата. ‖ (се) преврзува, (се) преврзуваат несв. ‖ глаг. им. преврзување ср.