презасити
Значење на презасити:
1. Засити, задоволи некаква внатрешна желба, потреба во преголема мера. Медиумите нè презаситија со информации за изборите.
2. Засити со нешто во преголема количина. Растворот го презасити со вештачка боја.
Конјугација: презаситат.
Изведени зборови:
- презаситување, глаг. им. ср.
- се ~ презасити, сп. презасити 1. Се презасити слушајќи рок-музика.
- (се) презаситува, глаг. несв. (се) презаситуваат
Оригинални податоци:
презасити, презаситат св. 1. Засити, задоволи некаква внатрешна желба, потреба во преголема мера. Медиумите нè презаситија со информации за изборите. 2. Засити со нешто во преголема количина. Растворот го презасити со вештачка боја. ● се ~ сп. презасити 1. Се презасити слушајќи рок-музика. ‖ (се) презаситува, (се) презаситуваат несв. ‖ глаг. им. презаситување ср.