преземе

Глагол, свршен

Значење на преземе:

1. Земе, прими нешто предадено, отстапено од друг (предмет, должност, работа, задача итн.). Тој му ја презеде девојката. Ми ја презеде работата. Ги презел приказните од народното творештво. Војската ја презеде власта во земјата. Тој ја презеде титулата светски првак. Овие зборови се преземени од рускиот јазик. Ми го презеде зборот.

2. Одземе нешто што припаѓа на друг, приграби, освои. За десетина дена војниците го презедоа целиот град.

3. Прими, прифати нешто како влијание од некого, од некаде. Неколку земји ги презедоа бегалците од војната.

4. Пристапи кон реализација на нешто, се зафати со нешто. Членовите на штабот презедоа нови акции. Банката ќе преземе мерки за запирање на инфлацијата.

Коњугација: (ќе) преземеа , (ќе) преземев , (ќе) преземел , презедоа , презедов , презел , преземат , преземен, преземете , преземи .

Изведени зборови:

  • презема, глаг. несв. преземаат
  • преземање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

преземе, преземат; преземи, преземете; презедов, презедоа; презел; (ќе) преземев, (ќе) преземеа; (ќе) преземел; преземен св. 1. Земе, прими нешто предадено, отстапено од друг (предмет, должност, работа, задача итн.). Тој му ја презеде девојката. Ми ја презеде работата. Ги презел приказните од народното творештво. Војската ја презеде власта во земјата. Тој ја презеде титулата светски првак. Овие зборови се преземени од рускиот јазик. Ми го презеде зборот. 2. Одземе нешто што припаѓа на друг, приграби, освои. За десетина дена војниците го презедоа целиот град. 3. Прими, прифати нешто како влијание од некого, од некаде. Неколку земји ги презедоа бегалците од војната. 4. Пристапи кон реализација на нешто, се зафати со нешто. Членовите на штабот презедоа нови акции. Банката ќе преземе мерки за запирање на инфлацијата. ‖ презема, преземаат несв. ‖ глаг. им. преземање ср.