прежива

Глагол, несвршен

Значење на прежива:

За некои тревопасни животни ‒ повторно ја џвака храната вратена од желудникот, преџвакува. Стоката преживаше на полјаната. Кравата преживаше сено.

Коњугација: преживаат.

Изведени зборови:

  • преживање, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Волот кога не јаде слама, си прежива ‒ вредниот човек секогаш си наоѓа нешто да работи.

Оригинални податоци:

прежива, преживаат несв. За некои тревопасни животни ‒ повторно ја џвака храната вратена од желудникот, преџвакува. Стоката преживаше на полјаната. Кравата преживаше сено. ◊ Волот кога не јаде слама, си прежива ‒ вредниот човек секогаш си наоѓа нешто да работи. ǁ глаг. им. преживање ср.