преживее

Глагол, свршен

Значење на преживее:

1. Проживее во настани учествувајќи во нив. Тој ја преживеа болеста. Тие ја преживеаја војната.

2. Остане жив, остане во живот по определен временски период. Тој преживеа со помош на новите лекарства. Не се знае дали болниот ќе ја преживее ноќта.

3. Истрпи тешкотии, помине живот во тешкотија, мака, страдање. Тој одвај ја преживеа зимата. Тие тешко ќе ја преживеат беспарицата.

4. Претрпи, искуси, доживее нешто. Таа преживеа големи стресови. Ние преживеавме еден тежок период од животот.

Коњугација: (ќе) преживеев , (ќе) преживееја , (ќе) преживеел , преживеав , преживеаја , преживеал , преживеан , преживеат , преживеен, преживеј , преживејте .

Изведени зборови:

  • преживува, глаг. несв. преживуваат
  • преживување, глаг. им. ср. преживување, PLUR_преживувања Лични преживувања. Необични преживувања.

Оригинални податоци:

преживее, преживеат; преживеј, преживејте; преживеав, преживеаја; преживеал; преживеан; (ќе) преживеев, (ќе) преживееја; (ќе) преживеел; преживеен св. 1. Проживее во настани учествувајќи во нив. Тој ја преживеа болеста. Тие ја преживеаја војната. 2. Остане жив, остане во живот по определен временски период. Тој преживеа со помош на новите лекарства. Не се знае дали болниот ќе ја преживее ноќта. 3. Истрпи тешкотии, помине живот во тешкотија, мака, страдање. Тој одвај ја преживеа зимата. Тие тешко ќе ја преживеат беспарицата. 4. Претрпи, искуси, доживее нешто. Таа преживеа големи стресови. Ние преживеавме еден тежок период од животот. ‖ преживува, преживуваат несв. ‖ глаг. им. преживување, мн. преживувања ср. Лични преживувања. Необични преживувања.