презими
Значење на презими:
1. Помине зима на некое место, остане некаде во текот на зимата. Ќе презимиме во градот. Цикоријата може да презими на полето.
2. За животно ‒ преспие зима, не излезе од дувлото за време на зимата. Мечката е од оние животни што бараат топло место за да презимат.
Конјугација: презимат.
Изведени зборови:
- презимува, глаг. несв. презимуваат
- презимување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
презими, презимат св. 1. Помине зима на некое место, остане некаде во текот на зимата. Ќе презимиме во градот. Цикоријата може да презими на полето. 2. За животно ‒ преспие зима, не излезе од дувлото за време на зимата. Мечката е од оние животни што бараат топло место за да презимат. ‖ презимува, презимуваат несв. ‖ глаг. им. презимување ср.