при

Предлог

Значење на при:

1. Пространствено значење ‒ близина, наоѓање до некого или до нешто. При крајот на улицата се појави војник. Додека е мома при мајка дотогаш е бела - црвена.

2. Приклученост, припадност, во состав на нешто. Испитувањата се вршат во Заводот за здравство при Министерството. Хор на просветни работници при Центарот за култура во Куманово.

3. Временско значење ‒ едновременост. При секое влегување во визбата пробува од виното. Многу млади борци загинаа при ослободувањето на градот.

4. Околности и услови во кои се врши некое дејство. При ваков начин на организација на работата не би требало да има загуби. Не знаеш како да постапиш при една таква безнадежна ситуација.

5. Состојба, особина на некого или на нешто. Да оставам тестамент додека сум при здрав ум. Сигурно не си при памет штом така зборуваш за синот.

6. Обратно од нешто вообичаено или очекувано; допусно значење. При сите усилби што ги вложи, не успеа да си го поврати имотот. Не ми поминуваат болките во грбот и при толку вежбање и терапија.

7. Споредба со некого или со нешто. При ресенските јаболка, паланечките се ништо. При толкав шарм и убавина на Елена, другите манекенки изгледаа просечно.

8. Поседување, застапеност. Ако бидам при пари, знам што да направам.

Изведени зборови:

  • при сè што, сврз. Сложен сврзник во допусни зависносложени реченици. сп. покрај тоа што; иако. При сè што сторив за него, тој ме измами.

Фразеолошки израз / поговорка:

При срце ‒ мило, пријатно, блиско. При рака ‒ во непосредна близина.

Оригинални податоци:

при предл. 1. Пространствено значење ‒ близина, наоѓање до некого или до нешто. При крајот на улицата се појави војник. Додека е мома при мајка дотогаш е бела - црвена. 2. Приклученост, припадност, во состав на нешто. Испитувањата се вршат во Заводот за здравство при Министерството. Хор на просветни работници при Центарот за култура во Куманово. 3. Временско значење ‒ едновременост. При секое влегување во визбата пробува од виното. Многу млади борци загинаа при ослободувањето на градот. 4. Околности и услови во кои се врши некое дејство. При ваков начин на организација на работата не би требало да има загуби. Не знаеш како да постапиш при една таква безнадежна ситуација. 5. Состојба, особина на некого или на нешто. Да оставам тестамент додека сум при здрав ум. Сигурно не си при памет штом така зборуваш за синот. 6. Обратно од нешто вообичаено или очекувано; допусно значење. При сите усилби што ги вложи, не успеа да си го поврати имотот. Не ми поминуваат болките во грбот и при толку вежбање и терапија. 7. Споредба со некого или со нешто. При ресенските јаболка, паланечките се ништо. При толкав шарм и убавина на Елена, другите манекенки изгледаа просечно. 8. Поседување, застапеност. Ако бидам при пари, знам што да направам. ◊ При срце ‒ мило, пријатно, блиско. При рака ‒ во непосредна близина. ‖ при сè што ‒ сложен сврзник во допусни зависносложени реченици. сп. покрај тоа што; иако. При сè што сторив за него, тој ме измами.