при-

Претставка

Значење на при-:

Претставка/префикс за образување глаголи, именки и придавки.

Оригинални податоци:

при- Претставка/префикс за образување глаголи, именки и придавки. 1. Во образувањето глаголи најчесто означува: а) приближување, доближување или составување, спојување (приведе, привлече, принесе, притрча, прикове, прилепи, пришие); б) извршување на дејството во мала мера, во кратко време (приварди, придржи, прилегне, приседне, притрпи се, причека, причува); в) продолжување, одново вршење на дејството, додавање, дополнување (привезе, приплете, приткае, принабере, присади, притури); г) неочекувано, ненадејно и обично краткотрајно дејство (привика, пригрми, приклука, приплука, притропа); д) ненадејно појавување на силна неизбежна потреба на логичкиот субјект со заменските форми ми (ти, му ...) се (ми се пријаде, ми се припие, ми се придрема, ми се приспие). 2. Во образувањето на именките означува лице или предмет што го нема наполно својството на основна именка (прибрат, примајка, приколка, примирје, призвук). 3. Кај придавките означува близина до нешто или блиско, во помала мера изразено својството на основата (приградски, приморски, прирачен; приглуп, припрост, пристар).