прибере 1

Глагол, свршен

Значење на прибере:

1. а) Собере нешто што е расфрлано, растурено на едно место, среди, раскрене. Прибери ги играчките на едно место. Мајсторите ги прибраа алатите. б) Насобере пари, материјал и сл. малку по малку со штедење. Оваа година прибраа пари за годишен одмор. Тој прибираше материјал за градба. в) Собере податоци, материјал и сл. Полицијата ги прибра сите податоци за престапникот. Момчето прибра документи за вадење виза.

2. Стави на скришно место, скрие. Жената ги прибра парите од маса. Поради децата мајката го прибра големиот кујнски нож.

3. а) За човек ‒ среди коса, стане уреден. Девојката ја прибра косата и стави панделка. б) За човек ‒ собере нозе, раце. Ученикот си ги прибра нозете под столчето. Старата си ги прибра рацете во скутот.

4. Собере, збере род, плод. Селаните го прибраа житото од полето за неколку дена. Го прибравме родот пред невремето.

5. а) Поведе грижа за некого, доведе дома. Мајката ги прибра децата од улица. Овчарот го прибра стадото во трлото. б) Згрижи некого, преземе грижа за некого дома за постојано или за кратко време; обезбеди засолниште некому за кратко. Таа ја прибра својата внука по смртта на брата си. Ќерката ги прибра родителите кај себе.

6. (прен.) Збере сила. Старецот прибра сила и се искачи по скалите. Премрзнатите партизани прибраа сила да стигнат во селото.

Конјугација: (ќе) прибереа , (ќе) приберев , (ќе) приберел, приберат , приберете , прибери , прибраа , прибрав , прибрал , прибран .

Изведени зборови:

  • прибирање, глаг. им. ср.
  • се ~ прибере, 1. Дојде дома. Се прибравме дома на зајдисонце. Децата се прибраа по полноќ. Сите се прибраа за вечера. 2. Се собере, се смести на исто место, во едно живеалиште. Тројцата патници се прибраа во еден полупразен вагон. Учениците се прибраа во нивните училници. Зимата се прибравме во станот со парно затоплување. 3. Се повлече, се осами во еден дел од домот. Момчето се прибра во својата соба. 4. Се соземе, се успокои. Девојката одвај се прибра по првиот шок. 5. Се опамети, се вразуми; оформи семејство. Тој се прибра, стана човек. Таа се прибра и за неа се најде момче.
  • (се) прибира, глаг. несв. (се) прибираат

Фразеолошки израз / поговорка:

Си го прибра господ ‒ умре. Си ги прибра парталите ‒ замина принудно.

Оригинални податоци:

прибере1, приберат; прибери, приберете; прибрав, прибраа; прибрал; прибран; (ќе) приберев, (ќе) прибереа; (ќе) приберел св. 1. а) Собере нешто што е расфрлано, растурено на едно место, среди, раскрене. Прибери ги играчките на едно место. Мајсторите ги прибраа алатите. б) Насобере пари, материјал и сл. малку по малку со штедење. Оваа година прибраа пари за годишен одмор. Тој прибираше материјал за градба. в) Собере податоци, материјал и сл. Полицијата ги прибра сите податоци за престапникот. Момчето прибра документи за вадење виза. 2. Стави на скришно место, скрие. Жената ги прибра парите од маса. Поради децата мајката го прибра големиот кујнски нож. 3. а) За човек ‒ среди коса, стане уреден. Девојката ја прибра косата и стави панделка. б) За човек ‒ собере нозе, раце. Ученикот си ги прибра нозете под столчето. Старата си ги прибра рацете во скутот. 4. Собере, збере род, плод. Селаните го прибраа житото од полето за неколку дена. Го прибравме родот пред невремето. 5. а) Поведе грижа за некого, доведе дома. Мајката ги прибра децата од улица. Овчарот го прибра стадото во трлото. б) Згрижи некого, преземе грижа за некого дома за постојано или за кратко време; обезбеди засолниште некому за кратко. Таа ја прибра својата внука по смртта на брата си. Ќерката ги прибра родителите кај себе. 6. (прен.) Збере сила. Старецот прибра сила и се искачи по скалите. Премрзнатите партизани прибраа сила да стигнат во селото. ● се ~ 1. Дојде дома. Се прибравме дома на зајдисонце. Децата се прибраа по полноќ. Сите се прибраа за вечера. 2. Се собере, се смести на исто место, во едно живеалиште. Тројцата патници се прибраа во еден полупразен вагон. Учениците се прибраа во нивните училници. Зимата се прибравме во станот со парно затоплување. 3. Се повлече, се осами во еден дел од домот. Момчето се прибра во својата соба. 4. Се соземе, се успокои. Девојката одвај се прибра по првиот шок. 5. Се опамети, се вразуми; оформи семејство. Тој се прибра, стана човек. Таа се прибра и за неа се најде момче. ◊ Си го прибра господ ‒ умре. Си ги прибра парталите ‒ замина принудно. ‖ (се) прибира, (се) прибираат несв. ‖ глаг. им. прибирање ср.