прибежиште

Именка, среден род

Значење на прибежиште:

1. Засолниште. Сигурно засолниште им беше планинарскиот дом. Децата добегаа до стреата како привремено прибежиште.

2. (прен.) Засолнување од тешкотија, непријатност и сл., заштита. Селското население барало прибежиште во градот. Молитвата е прибежиште на верниците.

Множина: прибежишта.

Оригинални податоци:

прибежиште, мн. прибежишта ср. 1. Засолниште. Сигурно засолниште им беше планинарскиот дом. Децата добегаа до стреата како привремено прибежиште. 2. (прен.) Засолнување од тешкотија, непријатност и сл., заштита. Селското население барало прибежиште во градот. Молитвата е прибежиште на верниците.