приближи

Глагол, свршен

Значење на приближи:

1. Поднамести поблизу до некого или до нешто. Мајката го приближи девојчето до себе и го гушна. Тие ја приближија масата до креветот.

2. Дојде близу до нешто или до некого, наближи, доближи. Тие полека и внимателно приближија до реката. Пешачејќи, тој приближи до граница. Овците приближија до трлото.

3. (прен.) Стигне при крај, до завршување на некоја задача, замисла, цел. Приближивме до остварување на проектот.

Конјугација: (ќе) приближев , (ќе) приближеја , (ќе) приближел, приближаа , приближат , приближен и приближан , приближете , приближи , приближив , приближија и приближав , приближил и приближал .

Изведени зборови:

  • приближување, глаг. им. ср.
  • се ~ приближи, 1. Дојде во непосредна близина на нешто или некого; се приближи 2. Се приближив да ѕирнам во бунарот. Старецот полека се приближи до шалтерот. Се приближија еден до друг. 2. Се намали времето до некој настан, наближи. Се приближи времето за напад. Се приближи крајот на учебната година. 3. (прен.) сп. приближи 3.
  • (се) приближува, глаг. несв. (се) приближуваат

Оригинални податоци:

приближи, приближат; приближи, приближете; приближив, приближија и приближав, приближаа; приближил и приближал; приближен и приближан; (ќе) приближев, (ќе) приближеја; (ќе) приближел св. 1. Поднамести поблизу до некого или до нешто. Мајката го приближи девојчето до себе и го гушна. Тие ја приближија масата до креветот. 2. Дојде близу до нешто или до некого, наближи, доближи. Тие полека и внимателно приближија до реката. Пешачејќи, тој приближи до граница. Овците приближија до трлото. 3. (прен.) Стигне при крај, до завршување на некоја задача, замисла, цел. Приближивме до остварување на проектот. ● се ~ 1. Дојде во непосредна близина на нешто или некого; се приближи 2. Се приближив да ѕирнам во бунарот. Старецот полека се приближи до шалтерот. Се приближија еден до друг. 2. Се намали времето до некој настан, наближи. Се приближи времето за напад. Се приближи крајот на учебната година. 3. (прен.) сп. приближи 3. ‖ (се) приближува, (се) приближуваат несв. ‖ глаг. им. приближување ср.