причести

Глагол, свршен

Црковен термин.

Значење на причести:

Изврши обред на причесна, даде причесна, леб и вино во христијанската религија. Попот секоја година на Велигден ги причестуваше селаните.

Коњугација: причестат.

Изведени зборови:

  • причестување, глаг. им. ср.
  • се ~ причести, Прими причесна. Вдовицата се исповеда и се причести. Секоја година за Велигден се причестуваме по долгиот пост.
  • (се) причестува, глаг. несв. (се) причестуваат

Фразеолошки израз / поговорка:

Еден зина, друг се причести ‒ земе нешто наменето за друг.

Оригинални податоци:

причести, причестат св. (црков.) Изврши обред на причесна, даде причесна, леб и вино во христијанската религија. Попот секоја година на Велигден ги причестуваше селаните. ● се ~ Прими причесна. Вдовицата се исповеда и се причести. Секоја година за Велигден се причестуваме по долгиот пост. ◊ Еден зина, друг се причести ‒ земе нешто наменето за друг. ‖ (се) причестува, (се) причестуваат несв. ‖ глаг. им. причестување ср.