прифати
Значење на прифати:
1. Фати со држење да не падне. Девојчето го прифати шкафчето со обете раце. Сестрата го прифати кутриот старец и го седна на креветот.
2. Прими, згрижи некого на некое време, даде засолниште некому. Нашата држава ги прифати бегалците.
3. Усвои предлог, понуда, одлука. Пратениците ја прифатија одлуката со акламација.
4. Прифати функција, должност. Тој прифати да ја врши оваа функција.
Конјугација: прифатат.
Изведени зборови:
- прифаќа, глаг. несв. прифаќаат
- прифаќање, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Го прифатиле мајките ‒ се однесува поинаку од вообичаеното, од нормалното.
Оригинални податоци:
прифати, прифатат св. 1. Фати со држење да не падне. Девојчето го прифати шкафчето со обете раце. Сестрата го прифати кутриот старец и го седна на креветот. 2. Прими, згрижи некого на некое време, даде засолниште некому. Нашата држава ги прифати бегалците. 3. Усвои предлог, понуда, одлука. Пратениците ја прифатија одлуката со акламација. 4. Прифати функција, должност. Тој прифати да ја врши оваа функција. ◊ Го прифатиле мајките ‒ се однесува поинаку од вообичаеното, од нормалното. ‖ прифаќа, прифаќаат несв. ‖ глаг. им. прифаќање ср.