пријатен

Придавка

Значење на пријатен:

1. Што дава, што предизвикува задоволство, уживање. Пријатно чувство. Низ прозорецот се слушаа пријатните звуци на некоја мелодија. Од кујната доаѓаше пријатна миризба. Пријатен разговор. Пријатен амбиент.

2. Привлечен, симпатичен. Некои го сметаа за пријатен човек, иако малку вообразен. Тој беше млад човек, со пријатна надворешност.

Членувана форма: пријатниот.

Изведени зборови:

  • пријатно, прил. Пријатно се чувствуваа, така, седнати крај огнот. Сламата така пријатно мирисаше.
  • пријатност, и. ж.

Фразеолошки израз / поговорка:

Пријатен ручек (вечера) – добар апетит.! Пријатна работа! Пријатна прошетка! – убав помин. Пријатно! – 1. желба за добар апетит. 2. довидување.

Оригинални податоци:

пријатен, пријатниот прид. 1. Што дава, што предизвикува задоволство, уживање. Пријатно чувство. Низ прозорецот се слушаа пријатните звуци на некоја мелодија. Од кујната доаѓаше пријатна миризба. Пријатен разговор. Пријатен амбиент. 2. Привлечен, симпатичен. Некои го сметаа за пријатен човек, иако малку вообразен. Тој беше млад човек, со пријатна надворешност. ◊ Пријатен ручек (вечера) – добар апетит.! Пријатна работа! Пријатна прошетка! – убав помин. Пријатно! – 1. желба за добар апетит. 2. довидување. ‖ пријатно прил. Пријатно се чувствуваа, така, седнати крај огнот. Сламата така пријатно мирисаше. ‖ пријатност ж.