пријава
Значење на пријава:
1. а) Известување (усно или писмено) до орган на власта за некого или за нешто. Прекршочна пријава. Полицаецот му напиша пријава за погрешно паркирање. До Министерството поднесоа пријава за настанатата штета. б) Образец, формулар што се исполнува со податоци за предметот на пријавување до определена установа. Тој поднесе пријава за полагање на испитот.
2. Писмена пријава, изјава со список на стока што се дава при плаќање царина; декларирање.
3. Давање лични податоци заради пријавување на привремен или траен престој.
4. Најавување на учество во натпревар, конкурс, собир и сл. Тие поднесоа пријава за учество на собирот.
Множина: пријави.
Оригинални податоци:
пријава, мн. пријави ж. 1. а) Известување (усно или писмено) до орган на власта за некого или за нешто. Прекршочна пријава. Полицаецот му напиша пријава за погрешно паркирање. До Министерството поднесоа пријава за настанатата штета. б) Образец, формулар што се исполнува со податоци за предметот на пријавување до определена установа. Тој поднесе пријава за полагање на испитот. 2. Писмена пријава, изјава со список на стока што се дава при плаќање царина; декларирање. 3. Давање лични податоци заради пријавување на привремен или траен престој. 4. Најавување на учество во натпревар, конкурс, собир и сл. Тие поднесоа пријава за учество на собирот.