пријави

Глагол, свршен

Значење на пријави:

1. Даде, поднесе пријава (писмено или усно). Случајот го пријави во полиција.

2. Извести, јави, даде некаква информација. Тој го пријави виновникот кај директорот.

Конјугација: пријават.

Изведени зборови:

  • пријавување, глаг. им. ср.
  • се ~ пријави, 1. Се јави, извести некого за своето доаѓање, присуство. Тие се пријавија во пријавницата. 2. Се јави, се запише, се вклучи, одговори (доброволно или по нечие барање). Тој се пријави во војска. Таа се пријави на конкурсот.
  • (се) пријавува, глаг. несв. (се) пријавуваат

Оригинални податоци:

пријави, пријават св. 1. Даде, поднесе пријава (писмено или усно). Случајот го пријави во полиција. 2. Извести, јави, даде некаква информација. Тој го пријави виновникот кај директорот. ● се ~ 1. Се јави, извести некого за своето доаѓање, присуство. Тие се пријавија во пријавницата. 2. Се јави, се запише, се вклучи, одговори (доброволно или по нечие барање). Тој се пријави во војска. Таа се пријави на конкурсот. ‖ (се) пријавува, (се) пријавуваат несв. ‖ глаг. им. пријавување ср.