пријде

Глагол, свршен

Значење на пријде:

1. Со одење се приближи кон некого или кон нешто. Обајцата му пријдоа сосем близу и го фатија под рака. Пријде поблиску и погледна.

2. Се стави во однос кон некого или нешто. Интересно е како му пришол режисерот на овој драмски текст. Треба со добро да му пријдеш, ако сакаш да постигнеш резултат.

3. Започне да работи, се фати со работа. Сега ќе пријдеме кон истражување на новите состојби.

4. (ретко) Премине на нечија страна. Групата се зголеми откако им пријдоа и неколку нови членови.

Коњугација: (ќе) пријдеа , (ќе) пријдев , (ќе) пријдел , пријден, пријдете , пријди , пријдоа , пријдоа , пријдов , пришол .

Изведени зборови:

  • пријдува, глаг. несв. пријдуваат -- приоѓа, приоѓаат
  • пријдување, глаг. им. ср. пријдување / приоѓање

Оригинални податоци:

пријде, пријдоа; пријди, пријдете; пријдов, пријдоа; пришол; (ќе) пријдев, (ќе) пријдеа; (ќе) пријдел; пријден св. 1. Со одење се приближи кон некого или кон нешто. Обајцата му пријдоа сосем близу и го фатија под рака. Пријде поблиску и погледна. 2. Се стави во однос кон некого или нешто. Интересно е како му пришол режисерот на овој драмски текст. Треба со добро да му пријдеш, ако сакаш да постигнеш резултат. 3. Започне да работи, се фати со работа. Сега ќе пријдеме кон истражување на новите состојби. 4. (ретко) Премине на нечија страна. Групата се зголеми откако им пријдоа и неколку нови членови. ‖ пријдува, пријдуваат / приоѓа, приоѓаат несв. ‖ глаг. им. пријдување / приоѓање ср.