приказ

Именка, машки род

Значење на приказ:

1. Кратка рецензија, оцена на научно или уметничко дело. Приказ на поднесените реферати на Конгресот.

2. а) Прикажување, претставување. Тоа претставува литературен приказ на животот на нашите луѓе во блиското минато. Сценски приказ. б) Графичко или бројно претставување. Графички приказ. Шематски приказ. Табеларен приказ.

Множина: прикази.

Фразеолошки израз / поговорка:

За чудо и приказ – да зборуваш и да се чудиш.

Оригинални податоци:

приказ, мн. прикази м. 1. Кратка рецензија, оцена на научно или уметничко дело. Приказ на поднесените реферати на Конгресот. 2. а) Прикажување, претставување. Тоа претставува литературен приказ на животот на нашите луѓе во блиското минато. Сценски приказ. б) Графичко или бројно претставување. Графички приказ. Шематски приказ. Табеларен приказ. ◊ За чудо и приказ – да зборуваш и да се чудиш.