прикаже

Глагол, свршен

Значење на прикаже:

1. Раскаже (усно или писмено), опширно изнесе, соопшти, опише нешто ( случка, настан, доживување итн.) Тој му прикажа на татка си за љубовта спрема девојката. Секоја вечер му прикажуваше како го поминал денот.

2. Претстави, покаже, презентира (јавно, пред публика) нешто; даде оцена за нешто (филм, театарска претстава, нов производ и сл.). Издавачите ги прикажаа своите нови изданија на саемот. Филмовите ќе ги прикажеме според следниов редослед.

3. Даде оцена, објави приказ, рецензира нешто (книга, списание, уметничко дело). Списанието содржи и прикази на најновите изданија.

Коњугација: (ќе) прикажеа , (ќе) прикажев , (ќе) прикажел, прикажаа , прикажав , прикажал , прикажан , прикажат , прикажете , прикажи .

Изведени зборови:

  • прикажување, глаг. им. ср.
  • се ~ прикаже, Се претстави некому, открие кој е, што е. Му се прикажал кој е и од каде е и излегло дека се подалечни роднини.
  • (се) прикажува, глаг. несв. (се) прикажуваат

Фразеолошки израз / поговорка:

Се прикажува (безл.) – многу се зборува (за некого, за нешто), се шират гласови.

Оригинални податоци:

прикаже, прикажат; прикажи, прикажете; прикажав, прикажаа; прикажал; прикажан; (ќе) прикажев, (ќе) прикажеа; (ќе) прикажел св. 1. Раскаже (усно или писмено), опширно изнесе, соопшти, опише нешто ( случка, настан, доживување итн.) Тој му прикажа на татка си за љубовта спрема девојката. Секоја вечер му прикажуваше како го поминал денот. 2. Претстави, покаже, презентира (јавно, пред публика) нешто; даде оцена за нешто (филм, театарска претстава, нов производ и сл.). Издавачите ги прикажаа своите нови изданија на саемот. Филмовите ќе ги прикажеме според следниов редослед. 3. Даде оцена, објави приказ, рецензира нешто (книга, списание, уметничко дело). Списанието содржи и прикази на најновите изданија. ● се ~ Се претстави некому, открие кој е, што е. Му се прикажал кој е и од каде е и излегло дека се подалечни роднини. ‖ (се) прикажува, (се) прикажуваат несв. ‖ глаг. им. прикажување ср. ◊ Се прикажува (безл.) – многу се зборува (за некого, за нешто), се шират гласови.